MACEDONIA FORUM - MAFF

MAKEDONSKI FORUM -MAFF, Ako ste osetlivi na psovki, gadosti,omalovazuvanja i slicno , Ve zamoluvame ne vleguvajte na Forumot!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

Share | 
 

 Познати македонски локалитети

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
darko prosev
Newbie
Newbie


Број на мислења : 18
Age : 41
Registration date : 2008-05-11

ПишувањеПредмет: Познати македонски локалитети   23rd Мај 2008, 13:01

Еве уште една корисна тема која македонија може да се пофали со своето богатство кое го има во изобилство
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
darko prosev
Newbie
Newbie


Број на мислења : 18
Age : 41
Registration date : 2008-05-11

ПишувањеПредмет: Re: Познати македонски локалитети   23rd Мај 2008, 13:09

Оваа градска населба е подигната во античко-македонскиот период, не многу пред владеењето на македонскиот крал Филип V. Стоби се наоѓал помеѓу реките Вардар(Axious) и Црна Река(Erigon) на 160 км. од Солун, на магистралниот пат Виа Егнациа што водел од Дунав кон Егејот. Ваквата местоположба овозможила тој да биде значаен воен, стратегиски, економски, културен центар во тоа време.За првпат овај антички град бил споменат во 197 година п.н.е. од страна на Livius.

Благодарение на бројните историски и книжевни документи, како и на евидентираниот археолошки материјал добиен од систематските истражувања на тој простор, комплетирана е урбанистичката слика на античкото Стоби, неговата архитектонска структура, организација на животот што говори за една високо развиена урбана средина со висок степен на културен развој. Според тоа, некои извори укажуваат на негови почетоци уште многу порано во VII и VI век пне, а тоа го поткрепуваат и откриените бронзени предмети кои датираат од архајскиот период, како и одделни керамички наоди од неолитското и железното време.

Во раниот и средниот римски период, градот бележи висок подем и благосостојба. Тоа, од една страна се должи на фактот што овој град добил статус на муниципиум со своја сопствена ковачница каде почнале да се коваат монети со натпис Муниципиум Стобенсиум. Овде се исковани парите кои го носат името денари. Од друга страна, откопани се голем број на споменици со натписи и градби кои се единствени и неповторливи во својата убавина, меѓу кои се големите светилишта и, секако, фамозниот Театар.

Не помалку значаен бил градот и подоцна, во ерата на зацврстувањето на христијанството. Како епископско седиште, подоцна и епархија, Стоби бил доста влијателен. Од тоа време датираат многуте цркви и базилики со богато внатрешно уредување и раскошните приватни палати и луксузни објекти.

Во Стоби во III век постоела и еврејска заедница за што сведочи Синагогата којашто кон крајот на IV век била урната и врз нејзините остатоци била подигната старохристијанска базилика.
Во доцниот V век и почетокот на VI век градот бил опустошен во големите аваро-словенски инвазии и настрадал во катасрофалниот земјотрес во 518 година. Пронајдените монети од Јустин II од втората половина на VI век, како и некрополата со 23 словенски гробови од IX до XII век го потврдуваат животот во Стоби и по земјотресот. Градот бил обновен, но никогаш не го достигнал тој степен на развој како порано.

На тлото на некогашниот град биле откопани и истражени болем број објекти. Така, северната трикорабна базилика датира од V век. Нејзиниот централен кораб е одделен од страничните два со колонади. Во црквата, што лежи врз постар сакрален објект, бил изграден баптистериум. Во нејзина близина биле откриени 23 словенски гробови од IX-XII век.

Во истражувањето на цивилната базилика, откриени се седум градежни фази. Под нивото откриени се бронзени предмети од V век, а под наосот се пронајдени фрагменти од фреско-живопис со мотив на барска птица од I век пне.
Малата бања (терма) се наоѓала на просторот помеѓу цивилната и северната базилика. Во изградбата на големата бања се забележани повеќе градежни фази. Во нејзината внатрешност е пронајдена статуа од царскиот период.
Централната базилика спаѓа во типот на трокорабни базилики и подигната е врз една синагога кон крајот на IV-V век.

Синагогата, пак, е изградена врз една постара синагога од III век, позната како Полихармосова Синагога. Под нивото на оваа синагога се пронајдени два сада со пари од I век (121-125).
Куќата на псалмите се наоѓа на јужниот дел пред Централната базилика. Таа се состои од централна просторија, сала со колонади, патосани со луксузно изведени мозаици со геометриски шари. Во главната сала постои осумаголна фонтана. Овој објект лежи врз постари антички градби.

Плоштадот во Стоби го формираат улиците Виа Аxиа и Виа Принципалис , во чие средиште се наоѓа градската чешма.
Перистериевата палата претставува градежен комплекс за повеќе семејства и простории за дуќани и магацини. Во средишниот дел се наоѓа дворот со фонтани. Главните простории, јужно од дворот, се сали патосани во мозаик техника. Палатата датира од IV и V век.

Спроти Перистериевата палата, сместена е Теодосијанската палата, која е една од најимпозантните и луксузно уредени градби во Стоби. Има план на латинската буква L. Централната сала, опкружена со колони, има базен со осум пиедестала од мермер украсени со спиритуални канелури, на кои стоеле откриените статуи. Во пределот на дворот постоеле цветни тераси со раскошно декорирани патоси. Таа датира од IV-V век.

Со идентичен градежен план, но значително помала и со поскромно внатрешно уредување е куќата на Партениј.
Валавницата претставувала комплекс на меѓусебно поврзани градби коишто претставувале резиденции и дуќани изградени врз постари објекти. Името го добила по работилницата за бојосување и валање на ткаенини, што била дел од овој комплекс кој датира од I, па се до V-VI век.
Епископската резиденција, што се наоѓа северно од Епископската базилика, во IV век служела како христијански ораториум, за да еден век подоцна прерасне во епископско седиште. Овде се пронајдени бронзена кадилница и златен прстен.
Епископската базилика, или како што поинаку се нарекува Црквата на епископот Филип, претставува трикорабна базилика, со нартекс, егзонартекс и атриум.

Нејзиното внатрешно уредување било мошне раскошно, со употреба на бела мермерна пластика и мозаични патоси. На ѕидовите имало фреско-живопис. Постоел и баптистериум, кој истотака бил раскошен, а на неговите ѕидови откриен е трислоен живопис на кој се претставени светители и други лица. Овој баптистериум првобитно и припаѓал на старата епископска базилика, изградена во IV век, што се наоѓа под темелите на новата, изградена еден век подоцна. Старата трикорабна базилика со епископски карактер е првата катедрална црква во Стоби. Од пронајдената архитектонска пластика се издвојуваат неколкуте парапетни плочи од олтарната преграда.

Главната влезна двојна порта, од западната страна на градот е позната под името Порта Хераклеа.Не се знае точно кога е таа изградена меѓутоа со сигурност се знае дека таа постоела во VI век.
Театарот во Стоби е изграден во II или раниот III век и наликува на оние театри во Грција. Тој е еден од најрепрезентативните објекти настанати за време на римското владеење. Театарот го сочинувале гледалиштето, оркестрата и сцената без бина.

Гледалиштето е составено од два дела, а изградено е од квалитетен бел мермер донесен од Плетвар во близина на Прилеп.Театарот имал вкупно 7634 седишта.Тие се распоредувале според племенската припадност на спектаторите, па така, се уште на некои од седиштата се врежани имињата на пет племиња. Театарот во III век бил претворен во арена за борби со гладијатори, но подоцна, со указот за забрана од страна на царот Константин Велики, ваквите сурови претстави биле забранети. Во IV-V век, овој објект ја доживеал својата трагична судбина, останувајќи неупотреблив за примарната цел што ја имал, станал извор на убав градежен материјал.

Еден сакрален објект со, навидум, неадекватно име. Станува збор за ранохристијанска трикорабна базилика со фонтана во средишниот дел. Поради тоа што се откриени две мермерни полочи од часна трпеза и бронзени монети од V-VI век, оваа градба го носи името Коцкарница.
Гробишната трикорабна базилика е подигната над гробови од една доцноантичка некропола. На нејзината јужна страна е откриена гробница на некој светител - мартириум.

Базиликата Паликура се наоѓа 2км јужно од Портата Хераклеа.Таа претставува трикорабна базиликална градба со централен кораб којшто е одделен од страничните со колонада. Имала нартекс, егзонартекс и голем двор, а од низата одаи се издвојува една октогонална што претставува скеуфилакион. Подигната е во IV век над една палата којашто припаѓала на некој великодостојник. Во нартексот и на источната страна од базиликата пронајдени се старохристијански гробови.

Во западните гробишта откриени се голем број на гробови од различни периоди од историјата на градот. Тие претставуваат и неисцрпен извор на податоци од кои може да се согледа нивната припадност и начинот на погребување на покојниците, како и самиот подвижен материјал, меѓу кој се теракотните фигури од доцноримско време, надгробни споменици и бисти на покојници и тн.

Во изобилството на градби кои му припаѓаат на Стоби, припаѓа базиликата Екстра Мурос која се наоѓа источно од некрополата.Откриена е во 1992 година и има димензии 31x16 метри.Таа спаѓа во редот на мали трикорабни базилики со наос патосан во мозаик, што е прилично оштетен, и повеќе помали одаи што воделе до нартексот. Овде имало и баптистериум. Пронајдената архитектонска пластика им припаѓа на различни стилови и таа претставува комбинација на елементи донесени од постари градби. Оваа базилика е изградена во V-VI век и тоа, најверојатно за потребите на жителите од предградието на Стоби








Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
darko prosev
Newbie
Newbie


Број на мислења : 18
Age : 41
Registration date : 2008-05-11

ПишувањеПредмет: Re: Познати македонски локалитети   23rd Мај 2008, 13:28

ВАРДАРСКИ РИД


Најраниот интерес за археолошкото богатство на Долно Повардарје е поврзан со собирачките активности на разни западноевропски патници и дипломати во 19 тиот век и со првите археолошки ископувања во текот на првите децении од 20-тиот век, посебно за време на воените операции од Првата светска војна. При тоа се издвојуваат ископувањата на Германецот Драгендорф во 1917 година во околината на Валандово, кај селата Марвинци и Дедели, ископувањата на Англичанецот Кесон во Чаушица, кај Кукуш, во 1917,1921 и во 1922 и на Французинот Р. Кос во Бохемица, во 1918 година. Од друга страна, Англичанецот Хертли вршел сондажни истражувања на повеќе праисториски локалитети во Македонија, главно на грчката страна, но со посебен акцент на регионот на Долното Повардарје.
Првите археолошки наоди од Гевгелиско претставуваат поедини бронзени форми накит од VII и VI век пр. Христа, од локалитетите Раул и Рид (најверојатно Вардарски Рид). Овие наоди, најверојатно прилози од растурени гробови, во 1917 година Рафаел Попов ги прибрал и ги пренел во Софија каде и денес се чуваат во Археолошкиот Музеј.
Сите овие рани археолошки активности ја сочинуваат археолошката основа за натамошните истражувања и проучувања на гевгелиско-валандовскиот регион, кои биле преземени дури во 70-тите години.
Од 1976-1986 година вршени се поинтензивни истражувања на повеке археолошки пунктови, главно некрополи од железното време, во Валандовско (Дедели, Марвинци, Зелениште-Валандово, Глос-Грчиште) и во Гевгелиско (Сува Река, Парагон, Милци). Во исто време беа преземани и поедини сондажни испитувања и на повекеслојните населби на “Исарот” во село Марвинци и на “Вардарски Рид” во Гевгелија.
Со овие истражувања регионот на Долно Повардарје, а во тие рамки Валандовски-гевгелиската котлина се афирмира како еден од археолошки најсилните региони на Балканот, посебно во периодот кон крајот на железното време и почетокот на антиката. Во оваа смисла, во науката е веке јасно дефинирана една од најсилните културни групи на железното време на Балканот т.н. Долновардарска или Гевгелиска културна група. Исто така, се поизвесно е дека на локалитетите Исар-Марвинци и Вардарски Рид-Гевгелија се кријат остатоците од двата историски посведочени градски центри на Раната Античка Македонија, најверојатно градовите Идомене и Гортинија.
Истражувањата на некои од споменатите наогалишта се уште се актуелни, при што посебно место заземаат истражувањата на Вардарски Рид.
До почетокот на систематските истражувања на Вардарски Рид во 1995 година, во неколку наврати беа вршени поедкини контролни-сондажни ископувања. Во 1979 година беа вршени сондирања од страна на Републичкиопт Завод за Заштита на Спомениците на Културата, Скопје додека во 1984 година сондирања од Народниот Музеј од Гевгелија.
Систематките истражувања на Вардарски Рид започнаа во 1995 година и во континуитет траа до денес, под раководство на Д-р Драги Митревски. Истражувањата во првите години беа вршени во рамки на заедничкиот проект на Музејот на Македонија, Скопје и Тексашката Фондација за Археолошки Истражувања, Хјустон. Истражувањата беа концентрирани на два сектори, Сектор “Јужна Тераса” и Сектор “Акропола” Во текот на тие почетни истражувачки кампањи беа преземани и поедини контролни сондирања на неколку различни пунктови на локалитетот.
Од 1998 до 2000 година истражувањата беа продолжени на истите сектори, но во рамки на нов научно - истражувачкиот проект, на Филозофскиот Факултет, Скопје и Музејот на Македонија, Скопје.


Сектор „Источна тераса“ пред почетокот
на систематските истражувања

Од 2001 година истражувањата се концентрирани на нов пункт - во Секторот “Источна Тераса”. Истражувањата во овој сектор беа наложени од резултатите на т.н. заштитни археолошки ископувања изведени во 1999 година, со кои беше овозможено отсекување на целата североисточна периферија на локалитетот во служба на изградба на новиот автопат за Р. Грција. Истражувањата во Секторот “Источна Тераса” се уште траат. Во последните три години се изведуваат како научно - наставен проект на Филозофскиот Факултет, Скопје, со сите погодности за практицирање теренска настава - археолошки практикум, за студенти по Археологија.
Преглед на истражувањата во секторот “Јужна Тераса”



Најголем обем на истражување е остварен на Секторот “Јужна Тераса”. Тоа е просторот непсредно на југ од Акрополата, каде според позицијата и конфигурацијата на теренот постојат убави услови за интензивна употреба низ различни временски периоди.

Од почетокот на истражувањата во Сектор
„Јужна Тераса“ oткривање на најмлади градби

Досега, на овој сектор е истражена површина од над 2000 метри2.
Веднаш под тенкиот хумус се откриени бројни објекти од последната населба (ВР-VI), кои, според својата намена најверојатно формирале единствени занатско-трговски дел од градот.


Од почетокот на истражувањата во Сектор
„Јужна Тераса“ oткривање на најмлади градби

Керамичарски, металуршки работилници, објекти кои во приземните простории имале дукани - мали продавници што излегувале на улиците и слично се откриени на овој простор. Пошироки улици и тесни сокаци ги одвојувале поедините блокови градби и воделе до просторот за одлагање на отпадот во пространи отпадни јами, непосредно на југ од квартот.


Од почетокот на истражувањата во Сектор
„Јужна Тераса“ oткривање на најмлади градби

Кај повекето од овие градби документирани се до три фази на обнова со соодветни преправки, доградби или целосно обновување врз истите темели и во рамки на истата урбанизација на шестата населба. Тие фази одговараат на културните слоеви 2,3 и 4 од генералната стратиграфија на локалитетот.
Под градбите од најмладата населба откриени се остатоци од монументален јавен објект -Стоа од постарата -петта населба (ВР-V). Стоата била поврзана со соодветни објекти што се надоврзувале на запад и исток од Стоата, додека кон југ била отворена према слободниот простор-најверојатно плоштад пред неа. Самата “Стоа” имала 2 фази на употреба во текот на IV век пр.н.ера, додека кај придружните градби (недоистражени ) се документира уште една постара градеджна фаза од истата V населба.


Сектор „Јужна Тераса“ – средновековни гробови
вкопани во рушевините од последната населба

Темелите на Стоата биле длабоко вкопани во постарите- железнодопски слоеви од четвртата населба (В.Р.IV). Градбите од оваа населба се откриваат фрагментарно, но сепак во доволна мерка да се документира железнодопското живеење и активности на овој простор, чии остатоци се таложеле во повеке културни слоеви од VIII-V век пр.н.е..
Во секој случај, повеке објекти на Секторот “Јужна Тераса “ заслужуваат да бидат посебно одбележани.


Највисокиот дел на од Рид 2 претставува централен и најекспониран дел од локалитетот. Во текот на шеесетите години највисокиот дел од Акрополата бил изнивелиран и избетониран за да биде подигната монументалена металена скулптура.


Сектор „Акропола“ – В.Р. VI (III-II век пред христа)
Истражениот дел од сектор „Акропола“

Се чини , притоа не биле уништени културни слоеви бидејки тој дел од теренот претставува изразена карпеста структура која излегувала на површина. Мегутоа, непосредно на север од овој споменик во текот на 1996 година беа откриени повеке простории поврзани во единствена архитектонс-урбанистичка целина, од последната - VI населба.


Сектор „Акропола“ – В.Р. VI (III-II век пред христа)
Истражување на западни делови од
„централниот комплекс“

Всушност, враз карпестата основа откриени се делови од неколку градби, кои егзистирале низ 3 градежни фази или низ трите културни слоеви - слој 2,3 и 4. Според степенот на истраженост, габаритот, архитектонските белези, распоредот на просториите и инвентарот, се издвојува средишната градба која ја нарековме “Централен Комплекс”.


Сектор „Акропола“ – В.Р. VI (III-II век пред христа)
Истражување на централните делови од
„централниот комплекс“

Од северната и јужна страна, до овој комплекс водат две поплочени улици, кои уште повеке го истакнуваат значењето на градбата. Остатоци од различни градби се откриени од двете страни, долж улиците. За жал овие градби не се во доволна мерка откриени.


Сектор „Акропола“ – В.Р. VI (III-II век пред христа)
Просторија „мелница“ со остатоци од две градежни фази

Триесетина метри северно од “Централниот комплекс”, долж изохипсата што ја заокружува Акрополата откриени се остатоци од одбрамбен бедем, кој завршува со парвоаголна кула на најистурениот -северен крај.

Истражувањето на Источната Тераса претставува систематско откривање градбите и урбанизација главно од последната -VI населба.


Сектор „Источна Тераса“ – В.Р. VI (III-I век пред христа)
На почетокот на истражувањата

Единствено на крајната источна периферија - на просторот кој беше предвиден и жртвуван за изградба на новиот автопат, имаше услови да се испитаат и слоевите под најмладата населба, и да се стигне до здравица.


Сектор „Источна Тераса“ – В.Р. VI (III-I век пред христа)
Рушевински слој од најмлади градби

Така, со исклучок на т.н.”Кука со колци” сите откриени градби претставуваа една стамбена целина, дел од последната населба и најмладото живеење на Вардарски Рид.

Сектор „Источна Тераса“ – В.Р. VI (III-I век пред христа)
Откривање на делови од најмлади градби

Откриените куки, различни по димензии и тип се надоврзуваат една на друга формирајки поголеми блокови, што се одделени со улици или тесни сокаци.


Сектор „Источна Тераса“ – В.Р. VI (III-I век пред христа)
Делови од градби на источниот дел од секторот

Откриени се вкупно 4 градежни фази или обновувања на овие објекти врз истите темели, најчесто после рушења во пожар, кои се документирани како слоеви од 1-4.


Сектор „Источна Тераса“ – В.Р. VI (III-I век пред христа)
Истражување откриени објекти од најмлада населба

Притоа, слоевите 4,3 и 2 ги исполнуваат III и II век пр.н.е. додека последното обновување (Слој 1) претставува само одредени преградби и просторни адаптацииа, со што на овој простор бил продолжен животот и во текот на I век пр.н.ера.

Од просторите за погребуавње низ долгиот и континуиран живот на Вардарски Рид досега се откриени главно накрополи од железното време или од живеењето во четвртата населба на Вардарски Рид.


Позиција на некрополите околу Вардарски Рид

Познати се некрополите од VII па се до почетокот на V век п.н.е на локалитетите „Милци“ и „Сува Река“, каде досега се истражени вкупно 150 гробови главно од VII и VI век п.н.е. Тие остануваат дел од една мошне силна локална култура позната како „Долновардарска“ или „Гевгелиска група на железното време“.
Главни белези на богатиот гробен инвентар е локалната окер печена глина и боена керамика како и богатите бронзени форми на култен накит познати како „македонски бронзи“ или „пајонски култен накит“.
Поедини погребубања се вршеле и во рамки на самата населба. Откриени се неколку железнодобски гробови на деца вкопани во населбинските слоеви. На западните падини на ридот 2 откриени се досега најстарите погребувања од населбата од преодниот период (XII-XI век п.н.е) или Вардарски Рид II.



После десет години систематски истражувања на локалитетот Вардарски Рид, целосно се истражени околу 7000 м2 површина во рамки на трите основни истражувани сектори: Јужна Тераса, Акропола и Источна Тераса. Сепак, ваквиот степен на истраженост на претставува ни 4% истраженост во однос на површината на целиот локалитет. За жал, досегашните истражувања се далеку помали од површината уништена со сите деструкции кои се случувале на локалитетот низ неговата повекевековна нисторија до денес.
Деструкциите на археолошкиот локалитет Вардарски Рид започнале уште во турско време кога на една од јужните тераси била изградена болница со темели длабоко вкопани во античките културни слоеви. Во текот на Првата и на Втората светска војна, на поиедини доминантни и стратешки позиции биле вкопувани бункери и други воени инсталации. Сепак, најголемите деструкции овој локалитет ги доживува во модерните времиња .
Во 60-тите години, неговиот централен и најдоминантен дел бил изнивелиран и избетониран со цел да послужи како основа за подигање монументална, метална скулптура и одредени мозаични површини , кои како комплексно уметничко решение биле подигнати во спомен на жртвите од Втората Светска Војна. До овој споменик води широк пристапен пат - пространи бетонски скалила што поминуваат долж целата Ј-И страна на локалитетот.
Во истите 60-ти, на југоисточната страна на локалитетот бил изграден автокампот и мотелот “Вардар” со сите придружни објекти (пристапни патишта, паркинзи и сл). За тоа што се притоа било уништено како културна содржина, се раскажуваат разни приказни, меѓу кои најпесимистичките спомнуваат мозаични површини, монументална архитектура, декоративна камена пластика и друго). Во секој случај, овој дел од локалитетот за секогаш е изгубен за археологијата .




Контролни сонди на источната периферија на рид.1,
дел предвиден за уништување со новиот автопат
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
darko prosev
Newbie
Newbie


Број на мислења : 18
Age : 41
Registration date : 2008-05-11

ПишувањеПредмет: Re: Познати македонски локалитети   23rd Мај 2008, 13:28

Кулминацијата на овие процеси е остварена во последните децении од дваесеттиот век. Со разни градежни активности засекогаш е уништено нешто повеке од четвртина од археолошкото тело на локалитетот. Најпрвин, во 1979 година, за да биде пробиен тогаш новиот магистралниот пат од Гевгелија до македонско-грчката граница, отсечена е целата северна и јужна периферија на локалитетот. Истото е повторено, во уште посуров вид, во текот на 1998-9 година. Повторно за потребите на нов автопат беше отсечен појас од уште десетина метри во внатрешноста на локалитетот, долж целата негова северна и североисточна страна. Со тоа локалитетот дефинитивно ја изгуби својата оригиналност, физиономија и културна целина .

Вардарски Рид со својата позиција и конфигурација лесно одговара на потребите за населбинско живеење во речиси сите праисториски и антички периоди.

Така, повисокиот- Рид 1, кој доминантно се издига 60-тина метри над рамницата и коритото на Вардар, лесно одбранлив, со стрмни карпести страни и заштитен пристап до водите на Вардар, претставува идеална позиција за праисториска населба од металните времиња. Од друга страна, понискиот-Рид 2, кој поблаго се извишува за 30-тина метри над коритото на Вардар, со доволна површина и во непосредна релација со евентуалната патна линија (старата и главна трансбалканска комуникација север-југ) во неговото подножје, ги исполнува сите услови за развивање на градска населба во раните историските периоди.
Најстарите остатоци на Вардарски Рид се откриени инцидентно. Документираат живење на ограничен простор на најниската јужна тераса, во текот младото камено време. Истражувањеа на тој тел од теренот не се вршени.
Почетокот на континуирано живење сепак се поврзува со источните падини на Ридот 1. Таму се откриени остатоци од населба од самиот крај на Бронзеното време. Гробови од таа населба се откриени на спротивните западни падини на Ридот 1. Во секој случај, може документирано да се смета дека на Ридот 1 била лоцирана иницијалната праисториска населба од која во следните векови во текот на целиот прв милениум пред Христа, континуирано ќе се развиваат и шират следните сукцесивни населби. Од нив израснал и последниот историски посведочен старомакедонски град, кој егзистирал до доаѓањето на Римјаните и римската окупација на Македонија.
Во одредена релација со живеењето кон крајот на Бронзеното време на Вардарски Рид, се доведува и соседниот локалитет „Кофилак“ или “Богородички Рид”, кој се наоѓа на 300-400 метри источно од Вардарски Рид. На овој доминантен и тешко пристапен рид беа вршени одредени археолошки сондирања, при што се откриени остатоци од мала населба од крајот на бронзеното време и преодот во железно време. Наодите од “Кофилак” лесно можат да се поврзат со археолошката ситуација на Вардарски Рид и да најдат свое место во неговата стратиграфија.
Културни слоеви од следната населба од раното железно време или од првите векови на првиот милениум пред Христа, откриени се, како на источната падина на Ридот 1 така и во седлото мегу двата рида. Тие документираат продолжено живеење на претходната населба, во нови, проширени просторни рамки и со нови културни брлези.
Следната населба од полното железно време зафакала најшироки просторни рамки. Слоеви со богата културна содржина од VIII до VI век пред Христа се откриени на целата површина на локалитетот, на двата рида и во седлото мегу ридовите.
Неспорна поврзаност со железнодопското живеење на Вардарски Рид покажуваат локалитетите “Милци”, “Сува Река”, “Парагон”, “улица Илија Мијов” и други, кои се наоѓаат на 300 до 600 метри оддалеченост јужно и источно од Вардарски Рид. Овие локалитети се добро познати и веќе нашироко афирмирани некрополи, на кои досега се истражени над 200 гробови, сите датирани во VII и VI век пред Христа. Во тие векови во Гевгелиско бил остварен најинтензивен живот и такво ниво на културен и економски развиток што го вбројува овој регион меѓу најнапредните и економски најсилни области. Се развива и цути моќна локална култура на железното време, чиј невообичаено брз економски и културен подем бил базиран врз интензивираното рударство, металургија и погодната геоположба. Долното Повардарје било еден од генераторите на натамошниот културно-историски развиток на Југоисточна Европа. Не случајно, ширењето и физиономирањето на древната македонска држава во тоа време се одвивало токму во правец на позиционирање на Долно Повардарје како ценрална старомакедонска област, со востановување на новата престолнина во Пела.
Во следните векови (V-IV век пред Христа), со постепеното зголемување на улогата на Долно Повардарје или Амфакситида во рамките на античка Македонија, покрај Пела се развиваат и соседните градски центри на север од престолнината, по долината на Вардар, како: Европос, Аталанте, Гортинија и Идомене. Овие градови имале големо геополитичко, стратегиско и економско значење и за нив се врзани важни настани од историјата на античка Македонија. Еден од овие градови бил несомнено лоциран на Вардарски Рид.
Остатоците од овој град на Вардарски Рид се концентрирани главно на Ридот 2. Иако на помал простор од предходната железнодопска населба, откриените градби и инвентарот во нив документираат економски и културно мокна населба со сите карактеристики на градско живеење. Големата градска Стоа, поедини високи уметнички остварувања и силната циркулација на различни монети од крајот на V и IV век пред Христа се најдобра илустрација на тоа. Оваа населба била секако сведок на историските настани поврзани со походот на тракискиот војсководач Ситалк против Македонија во 329 година пред Христа. Исто така нејзиното конечно рушење може документирано да се поврзе со продорите на Келтите кон југ во првите децении од третиот век пред Христа.
Во текот на III и II век пред Христа, израснал и на целата површина на Вардарски Рид се раширил следниот-помлад македонски град. Врз рушевините од претходната населба била подигната нова населба со нова урбанизација, и по нови критериуми и односи, кои овозможиле нејзин брз економски и просторен развиток. Од оваа населба се откриени бројни градби- цели квартови и богат движен археолошки материјал. Посебно место зазема преку 500 монети од сите македонски владетели и ковници, од Антигон Гонат до првите римски монети, кои се откривани во готово сите истражени објекти. Животот во овој град бил насилно прекинат некаде околу средината на II век пред Христа и никогаш повеке не бил обновен. Најверојатна причина биле бурните настани поврзани со римските освојувања на Македонија. Единсвено, на еден дел од градот, на Источната тераса откриени се остатоци од продолжено живеење, до I век пред Христа.
Многу векови подоцна, во текот на 12-13 век, на Јужната Тераса, во рушевините од предримската населба на Вардарски Рид биле вкопувани средновековни скелетни гробови.
Поедини градежни интервенции се случувале на локалитетот и во следните векови, во време на турското владеење со Македонија или во текот на XX век, се до најново време. Последните неколку децении Вардарски Рид е уреден како излетничко место, со пристапни патеки, широк паркинг, Кампинг и Мотел. Кампингот веке не е во употреба. Таму, на просторот на Источната тераса се вршат интензивни систематски истражувања.





Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
darko prosev
Newbie
Newbie


Број на мислења : 18
Age : 41
Registration date : 2008-05-11

ПишувањеПредмет: Re: Познати македонски локалитети   23rd Мај 2008, 15:26

Во близина на градот Битола, во подножјето на Баба планина, се наоѓа античкиот град што датира од средината на 4. век пред нашата ера и со својата убавина и привлечностсведочи ѕа истрајноста и надмоќноста низ времето - HERACLEA LYNCESTIS.



Градот, основан од Македонскиот Цар Филип II Македонски, во себе носи белези на еден развиен воено-стратешки центар на цеверозападната граница на тогашната македонска област Линкесида (денешно Битолско Поле).

Хераклеа, со својата повеќеслојност, сведоци за еден континуиран вековен исторички и културен развој. Откриените споменици претставуваат доказ дека градот бил граден, поградуван, рушен и одново граден и наградуван и уште од неговото настанување во доцната бронзена ера, потоа хеленистичката, римска, па се до рановизантиската епоха имал статус на град со висок степен на цивилизација. Поради својата местоположба, Хераклеа не можела, а да не биде изложувана на разни влијанија и струи што доаѓале однадвор. Тоа се одразило, како врз урбаната структура на градот, така и врз стопанска и културната организација на животот во него. Сместена во плодна рамнина, од север заштитена од планината Баба и реката Сива вода на југ, Хераклеа опстојала и се развила во една значајна раскрсница на патот Биа Егнација, кој како воена сообраќајница ги поврзувала Драч и Босфор, преку Солун на југ и Скупи, преку Стибера и Стоби на север.


Со јакнењето на римската власт на овие простори, во периодот на 2. век пне. кога Македонија станува римска провинција, Хераклеа станува силен економско- политички центар со свој постојан римски намесник и со своја римска војска. Највисок степен на цивилизациски раѕвој на време на римското владеење и нивната асимилаторска политика на терените на Македонија, градот доживеал во првите векови на новата ера, кога добива статус на колонија. Во тој период, како што сведоци еден натпис на мермерен постамент од 3. век н.е., градот го носел името SEPTINA AURELIA HERACLEA. Сето тоа се одразило врз изгледот на градот, така што во голема мерка била застапена римската архитектура, иако традиционалните влијанија и историските придобивки сй уште давале свој белег на градот.



При проучувањето и истражувањето на локалитетот Хераклеа, откриени се остатоците од некогашниот град, при што е направена реконструкција на неговиот изглед.


На северниот крак од форумот се наоѓа портикот на судницата со правоаголна основа на чиј северен ѕид стојат две статути на постаменти и еден постамент без статуа, кои како неми сведоци ја потврдуваат величенствената историја на градот. Статуата на Тит Флавил Орест восхитува со една спокојна убавина во своите марцијални порпорции. На неа со грчко писмо е испишано неговото име. Младото женско тело и вообичаените атрибути за вистина и правда - терзијата и лакот - ја навестуваат маркантноста на Немеза, божицата на правда и судбината. Во грчкиот натпис на ова статуа е кажано дека ова е дар од хераклејската граѓанка Јулија Тертила. Постаментот без статуа со грчки натпис е посветен на истата божица, а во рамка е поставен текст, стих од спевот на Хесиод.






Дела и денови: ’Гладот и несреќите никогаш не ги стасуваат оние главари кои преведно судат и плодовите од својот предан труд тие ги уживаат во изобилство’, извадок што говори за високиот степен на образованост и културна свест на хераклејците во првата половина на 2. век од нашата ера, време на исклучителна градежна активност, врзана со владеењето на цар Трајан.
Градењето на термата означува и раѓање на една повисока здравствена свест кај тамошните жители. Во таа смисла, термата со право може да се смета за првенче во подоцнежната изградба на аквадуктот и проширувањето на воднта мрежа во 4. век. Термата располагала со три сали ѕа капење и таа, со минимални корекции, била во употреба дури и во 5. век.


Посебно внимание на восхит буди импозантната градба на театарот каде што генијот на искуниот градител од тоа време, Витрубиј, бил доведен во совршенство. Хипотетичките податоци, забележани од археолозите и историчарите на уметноста, говорат за тоа дека почетоците на неговата градба датираат во времето на царот Хадријан, а завршните зафати биле изведени во времето на Антонин Пие. Повторно, по испробаниот стар рецепт од римската архитектонска кујна, се употребени мермерот, каменот и печената тула, кои на ова монументалната градба н даваат еден еден неповторлив изглед со впечатлива естетика. Со откривањето на бината, се потврди двојната функција на театарскиот објект - за сценски изведби и за претстави со животни кои биле чувани во трите кафези. За безбедноста на гледачите бил подигнат висок ѕид од ортостати околу орхестрата со метална ограда врз нив. Гледалиштето има дијазома со дваесет редови седишта, а над горниот ред се наоѓал Немезион. Почетната ложа со седишта била помеѓу третиот и седмиот ред. Сцената се состои од пет правоаголни простории и раскошно украсена северна фасада. Театарот бил со капацитет за околз три илијади посетители од сите сталежи.




The Statue of Tutus Flavius Orestius, a public speaker of Heraklea Lynkestis


Театарот во тоа време одиграл пресудна улога во создавањето на култот на маченикот - христијанин, кој во арената бил фрлан пред изгладнетите ѕверови. Христијаните, поткрепени од дјабоката вера во Бога и спасение на душата, со молитва и без страв ја примале маченичката смрт, а тој чин громогласно бил крунисуван од страна на публиката. Крајот на третиот век до средината на четвртиот век е време на варварски напади, време на борба меѓу носителите на христијанската вера и нивните противници - паганите, со до верскиот мир кога е направен и конечноиот успешен обид за примирје.


Немирите не запираат ниту во вековите што следат. Градот ќе биде разурнат и повторно роден налик на митската птица Феникс. Според елементите на материјалната култура, со сигурност може да се тврди дека христијанството послободно пулсирало низ дамарите на градот, каде што црковниот живот започнал успешно да се организира. За тоа најдобро сведочат архитектонските остатоци од самите градби, како и неколкуте списи на епископи од 4.век н.е. Уште една поткрепа на ова е и натписот на фонтаната, што е во непосредна близина на театарската зграда со името на епископот Јован, ќие име се јавува врежано и во монограмот на еден капител во малата базилика.


На тлото на Хераклеа пронајдени се остатоци од повеќе сакрални објекти кои восхитуваат со својата убавина, посебно со онаа на подните мозаици направени во опус сецтле и во опус тессалатум, коишто претставуваат ремек дела на панохристијанската уметнос од 5. и 6. век.


Станува збор за малата базилика (А), цивилната базилика (Б), големата базилика (ц) и земетријалната базилика (д) - сместена на околу 250 метри од централното градско подрачје на Хераклеа, покрај која се откиени ранохристијански и средовековни свавјански гробници.
Како контраст на овие раскошни градби, врз урнатините на стариот театар, биле подигнати профани градби од камен и кал. Нивната важност е во нивната местополоќба, што зборува за високиот степен на рационализација на средствата и на просторот, односно за големото градежно искуство стекнато низ вековите наназад.


Посебен интерес буди Епископската Резиденција, која има трапезоидна форма и нејзиниот распоред е темелен на придобивките на античката традиција. Врска помеѓу епископската базилика и останатите базилики во средниот дел на овој антички град била остварена преку ходник на нејзиниот источен влез. Просториите на Епископската Резиденција биле распоредени околу централниот двор, во чие средиште се наоѓал бунар. Патосите во сите простории на епископијата се направени во мозаици цложени од ситни каменчиња по принципот тессалатум. Во него се среќаваат најразновидни геометрицки шари, розети, меандри, плетенки, рибини коски, плетен крст. Во тој декор се повторуваат мотиви од растителниот и животинскиот свет.







Епископската Резиденција била во употреба од 4. до 6. век од новата ера.
На страниците на историјата на овој град биле испишани само настани што сведочат за неговата убавина и спокоен живот во него. За жал, Хераклејците ја немале таа среќа подол пероид да ги уживаат своите плодови. Честите и жестоки напади и понатаму продолжувале. Кон крајот на 6. век и почетокот на 7. век од новата ера, над Хераклеа, по долгогодишните судири со аваро - словенските племиња, завладеала ера од варварства. Така, кобната судбина на овој антички град завршила неславно со раселувањето на нејзините граѓани на разни страни, што придонело до згаснување на урбаниот живот во градот.

Некогаш велелепен град, сега само урнатина, Хераклеа, како и многу други антички населби во Македонија, доживеала повторно да блесне и посведочи за еден живот и една судбина што ја делеле многу наши предци. Сепак, и како таква денес таа нй остава без звид и со беѕбројни мисли и воздишки.





Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Познати македонски локалитети   Today at 16:46

Вратете се на почетокот Go down
 
Познати македонски локалитети
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
MACEDONIA FORUM - MAFF :: Arheologija , Astrologija , Astronomija-
Отиди до: