MACEDONIA FORUM - MAFF

MAKEDONSKI FORUM -MAFF, Ako ste osetlivi na psovki, gadosti,omalovazuvanja i slicno , Ve zamoluvame ne vleguvajte na Forumot!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

Share | 
 

 Istorijat za Makedonskiot jazik na Seminarot vo OHRID

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
MAFF
Administrator
Administrator


Број на мислења : 131
Registration date : 2008-05-03

ПишувањеПредмет: Istorijat za Makedonskiot jazik na Seminarot vo OHRID   6th Мај 2008, 06:19

Семинарот за македонски јазик, литература и култура се одржува секоја година во Охрид и има над три децениското континуирано егзистирање, но и прерасна во респектиран македонистички пункт во научната јавност ширум светот.


Почетоците на Семинарот, кој е во организација на Универзитетот „Свети Кирил и
Методиј“ од Скопје, се поврзани со 1968 год., кога тој ја започнува
својата мисија за изучување и ширење на македонистиката. На првиот
семинар имаше само 21 учесник од 12 странски земји. Понатамошниот
интерес за учество на оваа манифестација постојано расте. Така, 1978
год. кога се одбележуваше една деценија од неговото одржување
учествуваа 124 македонисти од 25 странски земји.
Предавањата што се одржуваат на семинарот се од областа на македонската
лингвистика, филологија, историја на литературата, етнологијата,
фолкорот, музиката, сликарството, театарот, а ги одржуваат еминентни
познавачи од односните области. Содржините на Семинарот се
надополнуваат и со разговори со членови на писателската асоцијација,
промоција на најнови изданија, присуство на филмски проекции, театарски
претстави, посета на фестивали и слично со што им се овозможува на
учесниците поширока и поразновидна комуникација со македонскиот јазик.
Приемот на учесниците на Семинарот за македонски јазик, литература и
култура се одвива врз основа на меѓудржавните и универзитетските
конвенции за соработка на Република Македонија и Универзитетот „Св.
Кирил и Методиј “ од Скопје со странските земји и нивните матични
универзитети, а учесниците на Семинарот имаат можност македонскиот
јазик да продолжат да го изучуваат во своите земји


Последната промена е направена од MAFF на 7th Мај 2008, 20:17. Мислењето е променето 3 пати.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://maff-mk.forumandco.com
MAFF
Administrator
Administrator


Број на мислења : 131
Registration date : 2008-05-03

ПишувањеПредмет: Re: Istorijat za Makedonskiot jazik na Seminarot vo OHRID   6th Мај 2008, 06:20

Јазичарите, збунети, се држат за стариот Македонски речник, кој,
плашејќи се од архаизми и од искуствата на „кроатизмот“, воведе такви
модернизми што е за чудење - леталата се авиони и аероплани,
леталиштата се аеродроми, надоместните делови се резервни делови и се
сл..

Посебно е пак убивањето на јазикот со Охридскиот рамковен. Во многу
населби веќе нема фирми на македонски, а ако ги има - напишани се на
латиница. Фирмите, таблите, патоказите, известувањата, како да служат
за етничко распознавање на сопствениците и на дуќаните или
продавниците, а не за потрошувачите, патниците, болните и сите други.
Да не зборуваме за јазикот на седниците, за преводите, на многубројните
трибини, за изучувањето на јазикот во училиштата.


Се чини дека итно треба нешто да се направи, за да се запре ова
изумирање на јазикот. Повторно навраќање на Законот за јазикот? Секако.
Стриктно спроведување? Бездруго. Освежување на Речникот и на
деловничките акти на државните, јавни, локални и други органи, на
јавните медиуми и сите јавни институции? Без сомневање. Расправа за тоа
што треба да се чини во училиштата и сиот школски систем? Сигурно.
Преку ноќ? Не. Затоа ни е потребно прогласување на Година на
македонскиот јазик и писмо.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://maff-mk.forumandco.com
 
Istorijat za Makedonskiot jazik na Seminarot vo OHRID
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
MACEDONIA FORUM - MAFF :: Etnologija , Etimologija , Ekonomija-
Отиди до: