MACEDONIA FORUM - MAFF

MAKEDONSKI FORUM -MAFF, Ako ste osetlivi na psovki, gadosti,omalovazuvanja i slicno , Ve zamoluvame ne vleguvajte na Forumot!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

Share | 
 

 Razlika pomedju Helenite i Makedoncite kon Zenite

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
MAFF
Administrator
Administrator


Број на мислења : 131
Registration date : 2008-05-03

ПишувањеПредмет: Razlika pomedju Helenite i Makedoncite kon Zenite   6th Мај 2008, 05:08

Кај Хелените, жената е “вечен малолетник”, целосно е исклучена од политиката и социјално-општествениот живот.

Во
Македонија на пример таа има право да располга со имотот, без машки
тутор (tutella mulierum): таа е правно способна да продава и купува, да
подарува како да е гарант, за што сведочат потписите.
На пример дури и под Римска власт има бројни натписи кај Македонците тн.р манумисии, за дарување робови на женски божества:
- Aртемида (во повеќе варијанти)
- Мајката на боговите
- Автохтоната мајка на боговите
- Ма
- Немеса Енодија
- Сириската девствена божица
- Семоќната божица и др. женски божества


Жената пак од кралското семејство во Македонија има значајна улога во
државните работи (воени, дипломатски), иако не учествува во гозбите
заедно со странци (Her.,V,18). Но ова значи и дека таа е заштитувана од
очите на странците и чувана како македонска вредност.

Кралицата-мајка ја вршела должноста prostasia, што ќе рече обезбедување
добросостојба на кралството (како Олимпијада мајката на Александар во
негово одсуство, но и во Молошкото кралство, кога во Македонија ја
заменува Клеоптра).

Македонската кралица ги ислушувала и барањата на граѓаните како што
потврдува натписот од Касандреја за Phila, жената на Антигон Гоната,
(cf.M.Hatzopoulos, Meletemata 10, р.144, n. 37).
Енергичната Македонка-кралица вршела и силно влијание или се вклучувала
во борбите за власт. Познато е дека Антипатер постојано му се жали на
Александар додека е овој во Азија, од неговата мајка Олимпијада која му
се мешала во надлежностите како намесник во Македонија.


Енергичната Phila, жена на Антигон Гоната во борбите за власт
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://maff-mk.forumandco.com
MAFF
Administrator
Administrator


Број на мислења : 131
Registration date : 2008-05-03

ПишувањеПредмет: Re: Razlika pomedju Helenite i Makedoncite kon Zenite   6th Мај 2008, 05:16

Или Kynane, ќерката на Филип II мажена за Amynta (IV) во 332 год. п.н.е
за да ја мажи ќерка си за Филип III со војска се судира со Антипатер
кај реката Strymon, а потоа војува и со Пердика во Мала Азија каде е
убиена (Arrian, Diad.,23).

Нејзината ќерка пак Adaia-Eureidike со војска во Десаретија кај градот
Euia (Diodor,XIX,11) ги пречекува Полиперхонт и Олимпијада која се бори
да го зачува престолот за својот внук, при што ќе има поддршка од
македонската војска, ќе издава наредби во име на Филип III и Александар
IV(Plutarh, Eum.,12; Nepos, Eum.,6)

Од противниците (Касандар) пропагандно е прикажана негативно а по
нејзиниот неуспех во таа борба (загинува и е закопана на пл. Пидна –
Diodor, XIX, 52; C.F.Edson, The Tomb of Olympias, Hesperia 18, 1949,
p84)


Деметриј I Полиоркет

Фила-жената на Деметриј Полиоркет во 305/4 год. п.н.е, од Килкија му
праќа помош (писма, облеки и ќебиња) за опсадата на Рододос а во 229
год. п.н.е оди во дипломатска мисија кај брата си Касандар во
Македонија во врска со Килкија (Plutarh, Demet. 22 (Родос), 32
(Килкија).
На кралиците му се укажувале почести слични на кралските (подигани
статуи како на Еуридика-жената на Аминта III, најдена во Ајга, градови
со нивно име, свадбени и погребни почести и др.). Македонските кралици
имале и свои дворјани, свои гарди, послуги и сл.
Свадбените церемонии се состоеле од свечени поворки, натпреварувачи,
гозби и сл. Филип II за свадбата на ќерка си Клеопатра приредил
дводневни натпревари, а пак Деметриј Полиоркет кога се женел за Ланаса
напишана е посебна песна специјално за оваа прилика. (Ap.Athen.,VI,
253; поетот Арат од Soloi по повод свадбата на Антигон Гоната и Фила
напишал химна на Пан [Souda,s.v Aratos].
Сето ова го укажува високото место кое го уживала македонската жена – кралица во македонскиот општествено-историски живот.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://maff-mk.forumandco.com
 
Razlika pomedju Helenite i Makedoncite kon Zenite
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
MACEDONIA FORUM - MAFF :: Umetnost i Kultura-
Отиди до: